-->
-->
Кошаркарите на Вардар до 14 години го освоија првото место
-->
Кошаркарите на Вардар до 14 години и помлади ја освоија шампионската титула откако синоќа во финалето од плеј офот ја остварија и втората победа над екипата на Водно Санс и со 2-0 во финалето стигнаа до медалите и вередниот трофеј. „Вардарци“ во вториот натпревар на теренот на ривалот победија со 83:70, додека на првиот дуел победија со 85:78.
Шампионскиот трофеј и златните медали на кошаркарите на Вардар им ги додели генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска.
За младинските екипи на Вардар ова е третата титула во натпреварувачката сезона 2015/2016, младите кошаркари на тимот од „Кале“ се шампиони на Македонија во лигите М20, М18 и М14, додека во лигата М16 титулата ја освоија кошаркарите на Феникс 2010.
Во женска конкуренција во младинските лиги М18 и М16 шампинки станаа кошаркарите на Бадел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд