Кошарка
24. July 2016 - 9:57

Кошарка У-18: Македонските јуниорки започнаа со пораз од Грција на ЕП

 Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години со убедлив пораз од Грција го започнува своето учество во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.
 
Избраничките на селекторот Горјан Стојановски, во натпреварот од 1.коло на Ц групата беа поразени од Грција со 41-62 по четвртини 6-14, 15-18, 13-16, 7-14.
 
Најефикасна во нашата селекија беше Споровска која средбата ја заврши со 11 постогнати поени, еден повеќе од Адамовска.
 
Денеска е слободен ден за нашите млади кошаркари, кои утре од 21 часот ќе го играат натпреварот од 2.коло против селекцијата на Ирска. 
 
Во групната фаза, црвено-жолтите за противнички ќе ги имаат и репрезентациите на Естонија (во вторник) и Англија (во среда).