Loading Video...
Свет
5. May 2020 - 14:30

Коронавирусот во Европа пристигнал еден месец порано

Ковид-19 во Европа пристигнал еден месец порано,тврдат француските доктори. Во оваа земја вирусот бил присутен уште од декември,а не јануари. Докторите тестирале 24 пациенти кои во текот на овие два месеци биле во болница, поради пневмонија. Еден од нив бил позитивен на Ковид-19, иако не патувал во странство.

Тој не ја заразил жена му, која работела во маркет,а имала и контакт со лица по потекло од Кина. Но позитивни на вирусот биле неговите две деца. Неговиот доктор вели дека не очекувал ваков пресврт.

Со оглед на фактот дека дел од европските земји веќе почнаа да ги ублажуваат мерките, шведските епидемиолози предупредуваат за вториот бран на вирусот, а тогаш ќе се разболат оние кои излегле од карантин.

Шведска е позната поради тоа што не воведе рестриктивни мерки, односно карантин. Поради тоа  многумина сметаа дека шведскиот модел е неетички затоа што се жртвува најчувствителниот дел од популацијата – постарите луѓе и хронично болните.

И додека светот бара вакцина, група научници тврдат дека антитела од лама успешно го спречуваат коронавирусот да го напад човечкиот организам.