Македонија
15. September 2021 - 16:41

Коронавирусот се шири во охридските школи, во Струга состојбата стабилна

Коронавирусот се шири во охридските училишта. Тројца професори и тројца ученици позитивни на Ковид-19. Станува збор за еден професор во гимназијата Свети Климент Охридски ,двајца во основните училишта и тројца ученици од кои едниот од деветто и двајца од седмо одделение во основното училиште Христо Узунов .Шест   одделенија на ученици  каде има заболени се во изолација.Од локаланата велат дека непречено се одвива наставата бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн.

Состојбата во Струга е стабилна досега не е пријавен ниту еден професор ни ученик позитивен на Ковид 19 од струшката болница велат дека моментално хоспитализирани се 19 пациенти од кои 10 се во модуарната и 9 во интерното одделение.

Во Охрид пак само во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 9 случаи на Ковид 19.Моментално во болницата хоспитализирани се 35 лица на возраст од 25 до  75 години од кои 21 се на кислородна подршка.