Свет
22. September 2019 - 17:26

Корбин: Се разбира дека ќе отслужам цел мандат ако победат Лабуристите

Лидерот на главната британска опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин денеска изјави дека ќе отслужи цел мандат на функцијата премиер ако неговата партија победи на следните парламентарни избори, кои се очекуваат во следните неколку месеци.

Коментирајќи ги шпекулациите за тоа дека размислува да се откаже, Корбин за Би-Би-Си изјави дека ќе ги предводи лабуристите на следните избори.

На прашањето дали ќе отслужи цел мандат, Корбин одговори „се разбира“.