Свет
23. јуни 2017 - 12:23

Корбин првпат пред Меј на анккета за британската премиерска функција

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин по првпат се најде пред Тереза Меј на анкета, околу тоа кој би бил најдобриот британски премиер, според податоците на социолошката агенција Ју-Гов.

На прашање - кој е најдобра опција за премиерската функција, 35 отсто од испитаниците го претпочитаат Корбин, а 34 отсто и даваат предност на Меј. Дури 30 проценти не сакале да одговорат. Анкетата е порачана од лондонски „Тајмс".

По предвремените избори на 8 јуни, на коишто британската премиерка и нејзината владејачка Конзервативна партија го загубија мнозинството во британскиот Парламент, таа се обидува да се договори со северноирската Демократска унионистичка партија за поддршка на малцинска влада, која повторно ќе биде предводена од Меј.