Фудбал
9. February 2018 - 11:21

Копа дел Реј:Кутињо ја однесе Барса во финалето

Со својот прв погодок во дресот на Каталонците Филипе Кутињо и донесе финале на Барселона против Севиља во Кралскиот куп на Шпанија.
Каталонците славеа во Валенсија со 2-0 и само ја потврдија победата од 1-0 од првата средба.
Покрај Кутињо во листата на стрелците во 82м се запиша и Иван Ракитиќ.
Финалето се игра на 21. април.