-->
-->
Копа Америка: Разочарување во Уругвај
-->
Уругвај загуби од Мексико (1-3), а Венецуела минимално ја победи Јамајка, во натпреварите од првото коло во Ц групата на Копа Америка.
Венецуела славеше над Јамајка со голот на Жозеф Мартинез во 15 минута. Патот до триумфот на Венецуела и го олесни Рудолф Остин кој десет минути подоцна доби црвен картон.
Во дербито, Мексико успеа да слави против Уругвај, кој на Копа Америка игра без Луис Суарез.
Алваро Переира во четвртата минута постигна авто-гол за предност на Мексико. Уругвај во финишот на првиот дел остана без Матиас Вечино, кој доби црвен картон.
Силите на теренот без израмнети во 73 минута кога „поцрвене“ Хосе Гуардадо, а резултатски се израмнија две минути подоцна кога гол за Уругвај постигна Диего Годин.
Мексико до триумфот дојде во последните пет минути со головите на 37-годишниот Рафа Маркез и Хектор Ерера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари