Фудбал
23. јуни 2016 - 9:35

Копа Америка: Чиле во финалето против Аргентина

Репрезентацијата на Чиле се избори за финалето на Копа Америка откако ноќеска во полуфиналето во Чикаго ја победи Колумбија со 2:0. Чиле во финалето ќе игра против Аргентина што е реприза на ланското издание.

Головите за Чиле ги постигнаа:Чарлс Арангуиз во 7.минута и Хозе Фуензалида во 11.минута.
Финалето се игра на 26.јуни, додека ден претходно на програмата е дуелот меѓу САД и Колумбија за 3.место.