Координиран вонреден инспекциски надзор на штипска Ортопедија
Епидемиолози од Институтот за јавно здравје-Скопје, но и тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од утринава се во штипската Клиничка болница, со цел да се утврди состојбата, но и изворот на заразата од вирусот хепатит Ц кај 11 поранешни паценти на Одделението за ортопедија.
Ирина Бухова директор на Државниот санитарен и здарвствен инспекторат за МИА вели дека во текот на денот извршиле координарен вонреден инспекциски надзор при што согледана е целокупната епидемиолошка состојба во Клиничка болница Штип. Во врска констатираната состојба, дадени се насоки за понатамошно постапување во установата.
Во однос на бројот на пријавени заболени со хепатит Ц не се регистрирани нови случаи. За сите понатамошни активности се дадени препораки, како и за резултатите од дијагностичките постапки кај пациентите кои се во тек во релевантни институции, ќе бидете информирани дополните, од страна на ДСЗИ, ИЈЗ и МЗ, се вели во соопштениетот од Државниот санитарен и здарвствен инспекторат. Горе наведените инститеуции ја следат континуирано состојбата на терен и ќе бидат во непосреден контак со Клиничка болница Штип.
Инаку, вирусот хепатит Ц се пренесува преку крв и отворени рани. Првите заболени пациенти се откриени во јули, кога првичната бројка беше шест, а во текот на минатата недела се искачи на 11 пациенти.
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење