Конвој со џихадисти и бегалци од Либан пристигна во Сирија
Конвој со повеќе од сто автобуси, со кои се превезуваа илјадници сириски бегалци и борци поврзани со Ал Каеда, синоќа од Либан пристигна во Сирија.
- Автобусите, кои вчера тргнаа од либанскиот град Арсал пристигнаа во Флита, град под контрола на сириските владини сили, изјави неименуван сириски претставник.
Нивното враќање во Сирија е дел од договорот меѓу џихадистичката група Џебхат фатах ал Шам, огранок на Ал Каеда во Сирија и либанската шиитска милитатнтно движење Хезболах.
Во Сирија пристигнаа 7.777 луѓе од кои 1.116 борци. Тие ќе бидат проверени од сириските власти, а потоа ќе бидат насочени кон провинцијата Идлиб.
Според Хезболах, петмина нејзини припадници кои беа заробени од Џебхат фатах ал Шам во 2015 година во Сирија, ќе бидат ослободени во близина на Идлиб, откако автубусите ќе пристигнат во Алепо.
Хезболах минатата недела во координација со сириската армија почна да го расчистува реонот на либанскиот град Арсал од џихадисти. Арсал се наоѓа на границата со Сирија.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата