Балкан
16. April 2021 - 9:57

Контролни вакцини од Институтот Торлак се испратени на анализа во Москва

Српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ денеска изјави дека во претходните два дена биле наполнети три милиони шишенца „од вакцината Спутник В со компонента еден и исто толку со компонента два и по 1.100 од нив се испраќаат во Москва на 21-дневна анализа“.

– Тие ќе одлучат дали Институтот Торлак е подготвен да почне со производство на овој начин како што тоа го стори сега. Се надеваме дека се ќе биде во ред, изјави Поповиќ за РТС. Тој додаде дека руските експерти кои сега биле на Торлак, ја признале нивната исклучителна ефикасност.

Според него, таквиот вид на производство може да започне на крајот на мај, а „на почетокот на јуни првите граѓани ќе можат да се имунизираат со вакцини од Торлак“.