Контролирани 288 угостителски објекти на во Скопје, двајца приведени за нарушување на јавниот ред и мир
Во врска со донесената Одлука на Владата на Република Северна Македонија за постоење на кризна состојба на територијата на државата заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија од ковид-19 и согласно изготвениотОперативен план за постапување на Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје преку Единиците за внатрешни работи, во временскиот период од 12.00 часот на 31.12.2020 до 04.00 часот на 01.01.2021 спроведе зајакнати мерки и активности самостојно и во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат, со цел контрола за спроведување на препораките за работата угостителските објекти, спречување на можни нарушители на јавниот ред и мир и спречување на вршење на кривични дела и прекршоци за време на новогодишната ноќ, притоа, во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Скопје извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 288 угостителскиобјекти. Од преземените мерки и активности не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите во врска со ковид-19.
Во текот на ноќта костатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18.40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита.
На подрачјето на СВР Скопје во текот на новогодишната ноќ евидентирани се три пријави за прославување на новогодишната ноќ од поголема група луѓе, и тоа на подрачјето на Карпош во стан на бул.„Партизански одреди“, на подрачјето на Центар на бул.„Илинденска“ и на подрачјето на Бит Пазар, во Старата чаршија. По комплетно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите