Конституирано српското Собрание со аплаузи, свирежи и транспаренти

Почна конститутивната седница на Собранието на Србија, на која се потврдија мандатите на 250 изабрани пратеници, кои положија заклетва, по што ќе се бира претседател на Парламентот и други тела.
Народните пратеници од опозициската Србија против насилството (СПН) на почетокот на седницата свиркаа и носеа транспаренти. Тие излегоа од своите клупи и застанаа поблиску до говорницата. За тоа време на балконот на собранието беше развиен транспарент насочен против опозицијата и властите на некогашната ДОС, што пратениците на СНС го дочекаа со аплауз.
Откако Верификационата комисија го потврди извештајот на РИК за декемвриските избори за сите 250 пратенички мандати, претседавачот со конститутивната седница, најстариот пратеник Стојан Раденовиќ од СНС соопшти дека со ова Собранието е конституирано, по што пратениците положија заклетва.
Пратениците од Власта дадоа заклетва во салата, а за тоа време пратениците од опозицијата ја напуштија салата, па дадоа заклетва во холот на собранието.
-Не сакаме да положиме заклетва со луѓе кои добија мандати со кражба на избори, кои секојдневно ги кршат законите и за кои зборовите на оваа заклетва не значат ништо, изјавија по седницата од коалицијата Србија против насилството.
По полагањето заклетва, претседавачот со конститутивната седница ја заврши денешната работа на Собранието.
Во парламентот влегоа 250 пратеници, коалицијата околу Српската напредна партија (СНС) ќе има 129 пратеници, Србија против насилство (СПН) 65, Социјалистичката партија на Србија (СПС) 18, коалицијата НАДА 13 и Ние – гласот на народот 13 пратеници.
Од малцинските партии, Сојузот на Унгарците од Војводина ќе има шест пратеници, по два Обединети за правда – Усама Зукорлиќ и СДА Санџак – Сулејман Угљанин и по еден мандата имаат Руската партија и Политичката борба на Албанците продолжува – Шаип Камбери.
Рокот за формирање на Влада е 90 дена од денот на конституирањето на Народното собрание.
Ново на Сител
-

29-годишник сс „голф“ удрил во паркирано возило, па во тројца пешаци, меѓу кои тригодишно дете
-

Екс-директорка на здравствен дом од Делчево со наполнети 67 години останала на функција наместо да се пензионира
-

Николовски: Годинава запленети вкупно 318 килограми дрога, 3,1 килограм златен накит, 205 илјади евра и над 1100 штеки цигари
-

Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана
-

Владата е стабилна, разговорите за пополнување на испразнетите места се во тек, вели премиерот Мицкоски
-

Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка
-

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра
-

Општина Ѓорче Петров одбележа 81 година од ослободувањето
