Македонија
16. October 2019 - 9:53

Конкурс за годишни награди од Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ го објави конкурсот за годишните  награди за необјавени книги поезија, проза и книжевна критика, напишани од македонски автори, како и награда за книга напишана на македонски јазик од странски автор.

Јавниот конкурс е составен дел на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, а наградените ќе добијат диплома, печатење и промоција на наградените книги.

-Препорачуваме ракописите, комплетно графички уредени да се испраќаат на адреса bkkmanifestacija@gmail.com, во Word и pdf-формат до 3 ноември и притоа за категоријата поезија и проза обемот на ракописите да биде од 60 до 80 страници, додека во категоријата книжевна критика од 80 до 100 страници. Според претходно утврдени правила и пракса, на конкурсот немаат право да учествуваат членовите од раководството на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, како и досегашните добитници на награди во која било категорија, изјави за МИА Елизабета Јончиќ, претседателка на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“.