Свет
19. December 2017 - 22:50

Конгресот на САД одобри нацрт-закон за даночна реформа

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри нацрт-закон за даночни реформи и за намалување на даноците.

Одобрувањето беше обезбедно со 227 гласови „за“ додека „против“ беа 203.

Сите демократи и 12 републиканци гласаа „против“.

Нацрт законот е испратен за разгледување во Сенатот и се очекува да биде прифатен уште денеска. Тоа е најголема даночна реформа во САД во изминатите 30 години.