Loading Video...
Свет
19. December 2019 - 16:37

Конгресот изгласа импичмент за Трамп - на ред е Сенатот

Политичката криза во САД трае веќе три години, американското општество никогаш не било толку силно поделено. Повиците во редовите на Демократите за отповикување на Трамп почнаа веднаш по победата со отворање на аферата за вмешаност на Русија во претседателските избори. Меѓутоа извештајот на специјалниот истражител Милер не дадоа доволно основа за да Демократите покренат таканаречен импичмент во Конгресот. Но потоа следуваше отворањето на новата афера со која Демократите тврдат дека Трамп му влијаел на Претседателот Зелински да отвори истрага за наводен криминал на синот на Бајден.

Пред вчерачното гласање Претседателот Трамп испрати писмо до претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси во кое истакна дека овој импичмент е без преседан и претставува противуставна примена на сила од страна на Конгресмените од Демократската партија во повеќе од Два и пол векови демократија во САД. Додека траеше гласањето во Конгресот Претседателот Трамп твитна серија твитови со кој дополнително ги обвини обидите за негов импичмент. Во еден од своите твитови тој им порача на гласачите – Тие не ја бараат мојата глава, туку вашата. (слика)

Самиот резултат од синокешното позитивно гласање за отповикување на Трамп во Долниот дом на Конгресот за никого не е изненадување затоа што Демократите се мнозинство во претсваничкиот дом. Конгресмените го обвинија Престедателот по две точки - злоупотреба на положбата и непочитување на Конгресот. За отповикување по првата точка гласаа 230 конгресмени, мегу нив ниту еден Републиканец, против беа 193. За втората точка тројца демократи се приклучија на републиканските колеги, така што импичментот го поддржаа 226 конгресмени, против беа 179.

Паралелно со гласањето во Конгресот, Претседателот Трамп одржа огромен  митинг во Мичиген, за време на својот настап ги обвини демократите дека со гласањето во Конгресот сакаат да ја поништат неговата изборна победа. 

Сите Републиканци гласа за нас, а дури тројца демократи гласаа ЗА, тоа е супер. . . . . . . Знам и дека нашите сенатори се сјајни луге, тие ке го направат тоа што треба.

Но со ова не е завршени процедурите за отповикување на Претседателот Трамп, напротив, сега почнува фтората фаза во која што треба оваа одлука на Конгресот да ја потврди Американскиот Сенат. Во овој момент шансите Сенатот дс изгласа недоверба на Трамп се само во рамки на теорија, бидејки составот на Американскиот Сенат е 53 Републиканци, 45 демократи и двајца независни сенатори. Ако се знае дека одлуката на сенатот мора да е со две третинско мнозинство, а земајки го во предвид единството на Републиканците по оваа прашање скоро извесно е дека Трамп ке остане Претседател на Америка до крај на својот мандат.

Според најновото истражување на Галуп објавено вчера, подршката на Претседателот Трамп скокнала од 39% колку што била во моментот на отпочнување на импичментот на 45%. Од ова може да се заклучи дека Трамп добил ветар во грб со процесот за негово отповикување од Претседател на САД, и можеби самиот импичмент е лоша политичка проценка од страна на таборот на Демократите.