Македонија
8. December 2019 - 16:28

Конфронтирање помеѓу должниците и извршителите - каде да се бара вината за високите суми?

Стечаец од с. Ерџелија, кој не сакаше да говори пред камера, пред извршителите се пожали дека за долг за телекомуникациски услуги од 8 000 денари, сега треба да плати 70 000 денари. Друг граѓанин побара поголема ефикасност зашто и покрај извршното решение не може да си ги наплати побарувањата од фирмата во која работел.
 
- Околу 100 000 денари се. Не ми треба камата, јас сакам да ги искористам додека сум жив-изјави граѓанин- доверител
 
Според извршителите, проблемот датира од 2011 година, кога ги преземале предметите од судовите, а граѓаните се ставија во позиција на должници од огромни размери.
 
- Ние моравме да составуваме такви налози заради тоа што моравме да го испочитуваме Законот за облигациони односи, каде што се одредува висината на каматата-изјави   Зоран Димов, претседател на Коморан на извршители.
 
Граѓаните изминатиот период протестираа и бараат измени на Законот за извршување и ревизија на процесот на наплата, но извршителите велат дека Законот е неопходон, зашто денешните должници, утре може ќе бидат доверители.
- Сметаме дека таков еден Закон со кој ќе се рализираат извршните исправи, за да не бидат само ставени во рамка е потребен и ќе биде потребен и во иднина-додаде Димов
 
Извршителите во полза на доверителите лани наплатиле 170 милиони евра, а годинава 100 милиони евра.