Македонија
7. November 2017 - 8:55

Конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија АБИТ од Скопје денеска ќе се одржи првата Меѓународна конференција за спречување на перење пари (АМЛ) и финансирање на тероризам (ЦФТ).

На конференцијата најавено е присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, обвинителката од СЈО Ленче Ристоска, претставници од МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, практичари-експерти со долгогодишно меѓународно искуство од Израел, како и научни работници и професори од Факултетот за безбедност во Скопје.