Македонија
13. October 2016 - 9:44

Конференција за превенција и борба против корупцијата

По повод завршување на двегодишниот твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, денеска Државната комисија за спречување на корупцијата организира конференција.

Според програмата, предвидено е да се обратат претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски, министерот за правда  Валдет Џафери, евроамбасадарот Самуел Жбогар, германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, полскиот амбасадор Јачек Мултановски, заменик-претседателот на германската Сојузна служба за администрација  Волф Швердтфегер и проектниот лидер Холгер-Михаел Арндт.