Македонија
11. јуни 2019 - 8:32

Конференција за предизвиците во искористувањето на ИПА-средствата на локално ниво

 Конференција „Предизвиците во искористувањето на ИПА-средствата на локално ниво“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на НВО Инфоцентар и Организацијата на жени од Струмица.

Во фокусот на панел-дискусиите, како што најавуваат организаторите, ќе бидат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат општините и граѓанските организации во искористувањето на средствата од Инструментот за претпристапна помош – ИПА, со акцент на тековната финансиска перспектива ИПА2, вклучувањето на општините и граѓанските организации во програмирањето на средствата, како и промените кои се очекуваат со новата финансиска перспектива – ИПА 3.

Учество на конференцијата, како што е најавено, ќе земат Евгенија Серафимовска Кирковски од Секретаријатот за европски прашања, Арсим Фидани од Министерството за локална самоуправа, како и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

Конференцијата е дел од проектот „Локален консултативен механизам за ИПА 2“, финансиски поддржан од Европската Унија.