Македонија
21. July 2017 - 8:28

Конференција за јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост

Завршна конференција и панел дискусија за медиумската писменост ќе се одржи денеска во Скопје во организација на здружението за развој на претприемништвото и туризмот„Концепт плус“.

На панел дискусијата, како што е најавено, ќе говорат уредникот во „Слободен печат“ Жарко Јордановски, Столе Наумов од Здружението на новинари на Македонија, директорот во Коалиција на младински организации „СЕГА“ Зоран Илиески и претседателот на „Концепт плус“ Синиша Пекевски.

Конференцијата е во рамки на проектот „Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“, кој е финансиски поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество на Цивика мобилитас.