-->
-->
Конференција „Патот кон добро владеење“
-->
„Патот кон добро владеење“ е темата на финалната конференција во рамки на проектот АКТИОН Вишеград СЕЕ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа.
Во рамки на конференцијата ќе се промовира план за имплементација на принципите на доброто владеење во земјите од Западен Балкан - „Патот кон добро владеење“.
На конференијата ќе се одржат две панел-дискусии на тема: „Добри практики од регионот на Вишеградската група и од Балканот“ и „Достапност на податоци и истражувања за доброто владеење“.
На конференцијата ќе присуствуваат Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Германија во Македонија, Јацек Мултановски, aмбасадор на Полска во Македонија, претставници на партнерите во проектот од Вишеградската група: Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, како и претставници на партнерските граѓански организации од земјите од Балканот: Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење