Македонија
23. March 2016 - 14:40

Конференција „Можности и перспективи за економско јакнење на жени“

Британската Амбасада, женската граѓанска иницијатива АНТИКО и Комисијата за еднакви можности на општина Битола, одржаа завршна конференција на тема „Можности и перспективи за економско јакнење на жени“.

Целта на завршниот собир е да се анализираат постигнатите резултати, зголемување на информираноста и отворање дебата за можностите и перспективите за развојот на женското претприемништво во општина Битола.

- Економското зајакнување на жените е многу важно бидејќи ако не ги зајакнте губите 50 проценти од расположливите таленти и ресурси што ви се на располагање, кои директно помагаат во развојот на економијата. Економското зајакнување на жените е значајно за семејството, но и државата, рече меѓудругото Пол Едвардс, заменик амбасадор на Велика Британија во Република Македонија.

На завршната конференција се обратија и дебатираа претставници на граѓанскиот сектор, национални и локални институции кои во изминатиот период беа организирани и мотивирани за избраната тема од Жанската граѓанска иницијатива АНТИКО.