Кошарка
29. July 2015 - 15:42

Конечно „сефте„ победа на македонските јуниори

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја оствари првата победа на Б дивизијата на Европското првенство во Австрија за играчи до 18 години.
 
По петте порази во првата фаза од првенството, избраниците на селекторот Сашо Димитиевиќ за „сефте„ со многу мака стигнаа до првиот триумф, победувајќи ги врсниците од Шкотска со 88-80.
 
Ова беше првиот меч од групата „Ј1“ во која селекциите разигруваат за пласман од 17 до 24 место. 
 
Во вториот натпревар од оваа конкуренција Словачка убедливо ја победи Ирска со 85-54. 
 
Токму Словачка е следниот противник на македонските јуниори и тоа веќе утре во терминот од 13.30 часот.