Фудбал
1. November 2019 - 10:57

Конечно победа за Милан

Милан во 10. коло во Серија А стигна до својата четврта победа, прва под водство на новиот тренер Стефано Пиоли, откако со „судни маки“ триумфираше со 1:0 над СПАЛ на „Сан Сиро“.
 
Откако во првото полувреме го стартуваше со Кастилехо и Бенасер и без Сусо, тимот на Пиоли не успеа да создаде многу шанси со исклучок на ударот во гредата на Бенасер по одличната топка на Лукас Пакуета. Џиџи Донарума исто така мораше да реагира при убавиот удар на Аркадијуш Река во финишот на полувремето.
 
Во второто полувреме, Бразилецот Сусо се врати во тимот и во 63. минута со прекрасен гол од слободен удар донесе драгоцена победа за „росонерите“, со кои тие се искачија на 10. место во Серија А со 10 поени, додека СПАЛ остануваат претпоследни со само 7 поени.