Живот
23. February 2016 - 15:08

Конечно откриено зошто Хитлер панично се плашел некој да не го види гол

И порано се пишувало за тоа дека најозогласениот диктатор на 20 век имал само еден тестис, но изгледа дека тоа е само половина од приказната (комплексот).
 
Историчарите Џонатан Мајо и Ема Краги сметаат дека имал и абнормално мал пенис. За микропенисот на лидерот на Третиот Рајх ( помал пенис од 7 см во полна ерекција) виновна е хипоспадијата, тврдат во книгата „Последните денови на Хитлер: Од минута во минута“.
 
И порано германските историчари ја потврдија приказната дека Хитлер имал еден тестис, односно дека не е само злобната песна од времето на Втората светска војна.
 
- Се верува дека Хитлер пател од два облика на генетални деформации: еден тестис не му се спуштил во кожната кесичка, и реткото пореметување кај хипоспадијата, во која уретрата, мочниот меур не се отвара на врвот од пенисот, туку од бочната страна, пишуваат во книгата Мајо и Краги.
 
Тврдат дека имаат пронајдено медицинска документација која ја потврдува состојбата на Хитлер и како неговиот личен доктор Теодор  Морел му препишувал хормони и амфетамини за да му се зголеми либидото.
 
Овој наод може да објасни зашто Хитлер наводно панично се плашел да не го види некој гол (во време кога се градел нацистичкиот култ). Освен еден тестис и микропенис, британски историчар во „Биографијата на Хитлер“ тврди дека Хитлер одбивал секакви сексуални активности зашто се плашел од зарази.
 
Од друга страна, постојат докази  за романсите на Хитлер, а во младите денови освојувал жени со својата харизма, вклучувајќи ја и Ева Браун.
 
Историчарката Хеике Гортермаркер тврди дека воделе сосема нормален сексуален живот.