Loading Video...
Фудбал
2. January 2018 - 14:35

Конечно Манчестер Јунајтед се радуваше на победа

 
Откако на изминатите три дуели Манчестер Јунајтед не успеа да оствари победа, конечно избраниците на Жозе Мурињо се радуваат на триумф. 
 
Синоќа на гостувањето на „Гудисон парк“, Манчестер Јунајтед го совлада Евертон со 2-0 во меч од 22.коло на Премиер лигата. 
 
Стрелци на головите за „црвените ѓаволи“ беа  Антони   Марсијал во 57-та и Џеси Лингард во 81-та минута, а двата беа постигнати по асистенциите на Погба
 
Со оваа победа Манчестер Јунајтед се врати на 2.место на табелата со 47 бода, два повеќе од трето пласираниот Челзи, кој има меч помалку, но дури 12 помалку од лидерот и градски ривал Манчестер Сити кој вечерва ќе го одигра својот меч од оваа рунда против Вотфорд. 
 
22-та рунда во Премиер лигата ќе биде комплетирана утревечер (20.45 часот) со дербито во Лондон меѓу Арсенал и Челзи.