Концерт на женскиот младински хор при МКЦ

Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски вечер во салата „25 Мај“ во МКЦ ќе одржи концерт „Миса бревис, Лукс етерна“.
Програмата вклучува дела од францускиот композитор Лео Делиб и од нашиот автор Александар Пејовски, меѓу кои и една праизведба. Овој тип вокално-инструментални композиции кај нас многу ретко се изведуваат, така што концертот претставува несекојдневна можност публиката во Скопје да чуе музика од овој жанр.
Освен Женскиот младински хор, во изведбата ќе учествуваат и гудачки оркестар и солисти, како и познатите музички уметници Марија Вршкова, Јанинка Невчева и Сара Мејс на челеста, органа и харфа. Концертот ќе почне во 20.30 часот, а влезот е слободен.
Женскиот младински хор при МКЦ веќе 43 години континуирано и успешно работи и е еден од најнаградуваните македонски хорски ансамбли на меѓународни хорски натпревари.
Ново на Сител
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
-

Германски научници открија антитело против ХИВ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче направи хаос па сега изигрува жртва
