Концерт на Весна и Серџо Лаконе во Кавадарци
“Романтична вечер со Весна и Серџо Лаконе“ беше насловен концертот кој синоќа во Кавадарци го одржа овој брачен пар.
Весна Дуганова, сега Лаконе, основно музичко училиште заврши во Кавадарци, а школувањето го продолжи во Скопје. Соло пеење дипломира на најпрестижниот конзерваториум во светот, римскиот Санта Чечилија во учебната 2003 - 2004 година, во класата на професор Ѓовани Скјарпелети. Истата година во рамките на Санта Чечилија доби и диплома за високо вокално познавање за сопрани и контра алти.
Серџо Лаконе е познат италијански тенор, полуинструменталист и етномузиколог. Лаконе два пати учествувал на престижниот музички фестивал Сан Ремо. Соработува со голем број музичари и солисти, учествува како тенор во театри и тв-серии, а исто така има пишувано и музика за театри, филмови и телевизиски серии. Лаконе до сега има издадено неколку цеде-а и е автор на многубројни интернационални хитови.
Во краткото обраќање пред присутните во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов Климе” во Кавадарци, Дуганова упати благодарност до сите кои дојдоа да уживаат во концертот.
На концертот како придружба со хармоника, настапи кавадарчанецот Стефан Волчев.
Директорот на културниот дом Владимир Темков рече дека кавадарчани имаат посебна чест и задоволство да присуствуваат на еден несекојдневен настан, настан кој ретко се случува во Кавадарци.
-Весна Дуганова е еден од познатите европски соло пејачи, во моментов времено престојуваат во Доминиканската Република, рече меѓу другото Темков.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите