-->
-->
Концерт на Македонската филхармонија на кој ќе настапат средношколци
-->
Македонската филхармонија вечер ќе го одржи традиционалниот концерт на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта во Македонија. Со концертот насловен „Младите доаѓаат“, ќе диригира маестро Ле Фи Фи.
На програмата се дела од Пучини, Виењавски, Шелохов, Менделсон, К.М. вон Вебер, Равел, Шостакович, Сен-Санс. Како солисти ќе настапат ученици избрани по пат на аудиција: Сања Димова - соло пеење, Наоми Георгиевска - виолина, Александар Витанов - труба, Ирина Павлова - виолина, Анел Селим - кларинет, Дарко Гроздановски - виолина, Арда Мустафаоглу - пијано и Ивона Базгалоска - пијано, сите ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација