Кон: Здравствениот систем е под тензија
Епидемиологот Предраг Кон вели дека здравствениот систем, поради големиот број пациенти заразени со Ковид-19, е под голема тензија, но дека сè уште е под контрола затоа што има место за лекување на секој пациент.
Кон за ТВ Пинк изјави дека Србија е во неповолна ситуација, со тенденција да премине во вонредна состојба, притоа потсети дека во неколку градови веќе е прогласена вонредна состојба.
– Сè што е потребно во моментот, се прави, а тоа е проширување на капацитетите. Се осигура дека системот функционира, тој моментно е под контрола, затоа што секој сè уште има свое место за лекување, секој може да биде примен, само треба многу трпеливост, рече Кон.
Тој истакна дека е многу важно лицата постари од 65 години и хронично болните да носат маски.
– Кога вирусот циркулира, единствениот правилен начин да се намали преносот е сите да носат маска. Ако само хроничните пациенти и оние над 65 години ја носат, тие само ќе се заштитат себеси – 30 отсто. Ако сите носат, тогаш има 99 отсто заштита, истакна Кон.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација