Комунистичка група од Чикаго ја поддржува „револуцијата“ во Милвоки
Комунистичка група од Чикаго соопшти дека дел од нејзините членови заминале за Милвоки за да „ја поддржат револуцијата“ во овој северен американски град по убиството на црнец од страна на полицаец, пренесоа американските медиуми.
Претходно началникот на полицијата во Милвоки, Ед Флин, ги обвини претставниците на Револуционерната комунистичка партија дека дошле во градот и од неделата почнале да создаваат проблеми.
Како одговор на обвинувањето еден од основачите на групата Карл Дикс изјави дека некои нивни членови заминале за Милвоки.
- Никој од нив не отиде за да предизвикува безредија, уверуваше Дикс и подвлече дека вистинскиот проблем е насилството од страна на полицајците.
Полицаец афроамериканец од Милвоки во саботата уби 23-годишен црнец со богато криминално досие. Последното убиство на црнец од органите на редот во САД предизвика протести низ градот, кои преминаа во масовни нереди.
Началникот на полицијата во Милвоки објасни дека убиениот афроамериканец своето оружје го насочил кон полицаецот.
Ново на Сител
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина