Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани почнува со машинско чистење на јавните површини
Кочанското комунално претпријатие „Водовод“ набави возило „Mетларка“, економична машина со која ќе се одржува хигиената на јавните површини.
Според информациите од стручните служби во претпријатието, вредноста на набавката е околу 4,5 милиони денари, а возилото има независен погон на четири тркала и може да работи и на поголеми нагорнини.
– Системот за чистење е составен од две предни странични четки, а поседува и вакуумски вентилатор што дава можност за вшмукување на поголема количина отпад, но и можност за собирање лисја преку посебно црево за вшмукување. Возилото работи тивко и има капацитет на чистење од 26.000 квадратни метри на час, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Возилото за метење на улиците и на јавните површини „Водовод“ го обезбеди со сопствени средства. Тоа ќе овозможи зголемување на опфатот на површините што се одржуваат, подобрување на јавната хигиена и ќе биде замена за осум до десет работника.
Планирањата на кочанското јавно претпријатие, кои произлегуваат од потребите, се однесуваат на обезбедување на камион-кипер, возило за собирање комунален отпад до 10 кубни метри, трактори со дополнителна опрема за одржување на комуналната хиегиена и зеленилата, како и цистерни за миење на улиците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација