Фудбал
12. јуни 2017 - 8:29

Комплетирано шестото коло од квалификации за СП

Со натпреварите одиграни синоќа комплетирано е шестото коло од европскиот дел од квалификациите за СП во Русија 2018 година. Хрватска во рамките на групата И го загуби дуелот на гостувањето кај Исланд, а Велс освои бод на против Србија во Белград. Инаку во групата Д сите три дуели завршија без победник.

Резултати Д група: Србија – Велс 1:1, Република Ирска – Австрија 1:1 и Молдавија – Грузија 2:2.

Табела: Србија 12 бода, Р.Ирска 12, Велс 8, Австрија 8, Грузија 3, Молдавија 2.

Резултати Г група: Италија – Лихтенштајн 5:0, Израел – Албанија 0:3, Македонија – Шпанија 1:2.

Табела: Шпанија 16, Италија 16, Албанија 9, Израел 9, Македонија 3, Лихтенштајн 0.

Резултати И група: Финска – Украина 1:2, Исланд – Хрватска 1:0 и Косово – Турција 1:4.

Табела: Хрватска 13, Исланд 13, Турција 11, Украина 11, Финска 1, Косово 1.