Кошарка
31. January 2017 - 16:04

Комплетирано 20-коло во АБА лигата

 
 Со натпреварот кој се одигра во Белград, а каде шампионот Црвена Звезда славеше победа против Морнар со 82:71, комплетирано е 20.коло во регионалната кошаркарска АБА лига. 
 
Македонските претставници во оваа рунда забележаа победи и тоа Карпош Соколи за прв пат се радуваше на триумф на гостински терен, додека во неизвесен меч МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од Мега Лекс. 
 
Комплетни резултати и пласман по натпреварите од 20.коло: 
 
Црвена Звезда – Морнар 82:71, 
МЗТ Скопје Аеродорм – Мега 75:74, 
Олимпија - Карпош Соколи 92:97, 
Будуќност – Партизан 74:68, 
Цедевита – Игокеа 89:78, 
Задар – Крка 77:83, 
ФМП – Цибона 84:75.
 
Пласман: Црвена Звезда 20-0 (победи-порази), Партизан 15-5, Цедевита 14-6, Будуќност 14-6, Цибона 11-9, Олимпија 9-11, Игокеа 9-11, ФМП 8-12, Карпош Соколи 8-12, Крка 7-13, Морнар 7-13, Мега 6-14, МЗТ Скопје 6-14, Задар 6-14. ит/
 
Во следното коло, Карпош Соколи ќе биде домаќин на ФМП, додека МЗТ Скопје Аеродром ќе гостува во Љубљана кај Олимпија.