Loading Video...
Спорт плус
13. July 2019 - 15:19

Комплетирани полуфиналните двојки во Светската одбојкарска лига

Познати се четирите репрезентации кои ќе разигруваат во полуфиналето на Светската одбојкарска лига
 
На завршниот турнир на Светската лига во машка конкуренција што се одржува во Бразил, комплетирани се полуфиналните двојки. 
 
Во првиот меч за влез во финалето точно на полноќ својот полуфинален дуел ќе го започнат селекциите на Полска како првопласирана во Б групата и Русија која заврши на 2.место во А групата. 
 
По нив ќе следува меѓа пресметката меѓу домаќинот Бразил кој место во полуфиналето оствари по големата борба со Иран во групната фаза и тоа со победата од 3:2 по сетови, па „Кариоките“ за влез во финалето ќе се борат со Американците кои во А групата беа подобри од Русија и Франција. 
 
 Потсетување дека победникот на Светската одбојкарска лига ќе заработи 1 милион долари.