Loading Video...
Фудбал
20. September 2018 - 16:19

Комплетирана првата рунда во Лигата на шампионите

Реал Мадрид со убедлива победа од 3-0 над Рома ја започна одбраната на титулата во елитната Лига на шампиони. Иско, Бејл и Дијаз потврдија дека „кралевите“ и без Кристијано Роналдо сезонава ќе бидат едни од главните фаворити за највисок пласман. 
 
Фаворитската улога сепак треба да се потврди на теренот, а не да се има само на хартија. За тоа најдобра потврда е поразот на Манчестер Сити кој според букмејкерите важи за „топ“ фаворитот. Но, англискиот шампион пред својата публика беше непријатно изненаден од францускиот Лион кој забележа победа со 2-1. 
 
Триумф на гостински терен, но со 2-0 славеа и Јувентус кај Валенсија во меч во кој беа досудени три пенали, а Кристијано Роналдо заработи црвен картон, потоа минхенски Баерн кој со истиот резултат  ја совлада Бенфика, додека Манчестер Јунајтед постигна гол повеќе во Швајцарија, совладувајќи го составот на Јанг Бојс со 3-0. 
 
Следната, втора, рунда во Лигата на шампионите е закажана за 2 и 3 октомври.