Балкан
10. јуни 2020 - 12:04

Компаниите во Словенија ќе добијат уште 116 милиони евра државна помош за да исплатат надомест на плата за работниците

Словенечките компании добиваат уште 116 милиони евра државна помош со цел ублажување на последиците од епидемијата со новиот коронавирус.

Средствата ќе се доделат со цел компаниите да исплатат додаток на плата за вработените. Според податоците на Заводот за вработување, со оваа помош 27.193 работодавачи ќе испатат надомест на плата на вкупно 170.023 работници.

Според податоците заклучно со 8 јуни, поднесени се повеќе од 47.000 апликации од компаниите за надомест на плата за вкупно 177.305 работници.

Ова е трета ваква исплата која ја добиваат работодавците, а е дел од така наречениот анти-корона Закон.