Македонија
24. August 2021 - 12:22

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок

За денеска е најавен нов состанок на КЗБ на состанокот ќе бидат анализирани епидемиолошките мерки кои се на сила а имаат за цел спречување на вирусот.

Според министерот за здравство, Венко Филипче актуелните мерки кои се на сила треба да продолжат и понатаму се додека не се зголеми колективниот имунитет. Тој вели дека мерките кои се воведени од 16 овој месец а предвидуваат сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19 за влез во угостителски објекти, концерти, спортски настани, шопинг молови, обложувалници и казина, но и забрана за работа на затворените делови од угостителските објекти дава резултат, но за да бидеме безбедни ќе ни требаат околу 80% имунизирани граѓани. 

Од МЗ утрово информираат дека на вакциналните пунктови во земјава и на терен заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани.