Македонија
16. February 2016 - 8:39

Комисија од Совет на Европа во посета на македонското Собрание

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе престојуваат известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа (Мониторинг комисија).

Членовите на оваа Комисија ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, и потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонијо Милошоски и со членовите на Комисијата за надворешна политика.