Свет
22. December 2016 - 11:23

Комеморација во Москва: Путин му оддаде почит на убиениот руски амбасадор

Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, кој во понеделникот, 19 декември беше убиен од страна на турски полицаец во Анкара, денеска ќе биде погребан со сите државни почести и во присуство на рускиот претседател Владимир Путин.

Комеморацијата почна во Министерството за надворешни работи, а потоа ќе биде одржано опело во Црквата Христос Спасителот во Москва.

На комеморацијата стигна и премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Foto Printscreen Sputnjik

На тажниот собир присуствуваше и претседателката на Советот на федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвијенко.

Foto: Printscreen Sputnjik

-Го видов пред три недели, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пред собраните и уште еднаш го осуди кукавичкиот атентат на Андреј Карлов.

Vladimir Žirinovski: Danas nemamo svetski rat, nego svetski terorizam (Foto: Printscreen Sputnjik)

-Беше добродушен човек, секогаш имаше насмевка на лицето, рече Владимир Жириновски, кој исто така беше на комеморацијата. „Денеска немаме светска војна, имаме светски тероризам“, рече тој.

Путин поради овој погреб ја одложи за во петок годишната конференција за новинари, која требаше да се одржи денеска.

Рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов беше убиен во понеделникот од страна на поранешен турски полицаец, 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинташ, кој пред злосторот извика „Алах е голем“ и „Не заборавајте на Алепо, не заборавајте на Сирија“.

Песков изјави дека се уште е рано да се каже кој стои за убиството на рускиот амбасадор во Анкара, а турските власти го посочија Фетулах Ѓулен како можен наредбодавец.

-Москва смета дека треба да се почекаат резултатите од групата истражители, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека е прерано да се донесуваат заклучоци.

Турција и Русија формираа заедничка комисија за истрага на убиството на Карлоб кој е усмртен со неколку куршуми испукани во грбот, а 18 членови на руската делегација дојдоа во Анкара да учествуваат во работата на комисијата.

Официјална Русија и Турција наведоа дека убиството на дипломатот нема да им пречи во настојувањата да ги поправат билатералните односи.