Македонија
10. July 2018 - 10:01

Комбе прегази пешак во Сарај, возачот побегнал

Ноќеска околу 00,10 часот на влезот во с.Сарај-скопско товарно моторно возило марка “Форд транзит“ со велешки регистерски таблици удрило во пешакот К.Н. (65) од с.Рашче, по товарното возило го напуштило местото на настанот.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се работи на целосно расчистување на случајот.