Македонија
14. September 2017 - 8:24

Командантот на НГ на Вермонт Стивен Креј на средби со Иванов и Џафери

Генерал-мајорот Стивен Креј, командант на Националната гарда на сојузната американска држава Вермонт, денеска ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Стивен Креј, кој до 17 септември во Македонија ја предводи воената делегација на Националната гарда на Вермонт,  денеска ќе има средба и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, како и со членовите од собраниската Комисија за одбрана и безбедност. 

Делегацијата предводена од Креј вчера имаше средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и со министерката за одбрана  Радмила Шекеринска.