Свет
6. August 2016 - 9:22

Колумбиските власти и ФАРК договорија план за спроведување на прекинот на огнот

Претставници на колумбиските власти и на левичарското герилско движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) синоќа на преговорите во Хавана постигнаа договор за план за спорведување на прекинот на огнот, што би можело да претставува важен чекор кон конечен мировен договор. 

Во зедничката изјава на двете страни се наведува дека Владата и ФАРК се обврзуваат да работат на постигнување мировен договор, со кој би се ставил крај на 50-годишната граѓанска војна во Колумбија, при која досега загинаа над 220.000 лица.  

Со планот, кој ќе се спроведува под покровителство на ОН. се предвидени детали за разоружување на близу деветте илајди припадници на ФАРК.

Утврдувањето на детеалите на планот уследи по историскиот договор за прекин на огнот. што во мај го постигнаа колумбиските власти и ФАРК.