Живот
16. January 2019 - 10:53

Колку пати го употребувате истиот пешкир, ако ја надминувате оваа бројка многу грешите

Некои предмети кои секојдневно ги употребувате во својот дом може да содржат многу бактерии, а не сте ни свесни колку тоа може да го загрози вашето здравје.

Од некои работи не можете да се откажете, но затоа треба да внимавате да бидат чисти. Експертите советуваат колку често треба да се перат кујнските крпи, пешкири…

Сунѓерчиња за во кујна

Сунѓерчињата кои ги користите во кујна многу брзо може да станат вистинско „легло“ за бактерии. Најчесто на нив има ешерихија коли која може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Причина за тоа е што со сунѓерчето се отстрануваат остатоците од храна. Сунѓерчињата треба да се заменат кога на нив ќе се појави мирис, односно во просек на секои две недели. Можете еднаш неделно да ги потопите во јаболков оцет или да ги исперете во машина за садови.

Кујнски крпи

Крпите за во кујна се користат подолго отколку што треба. Во просек треба да се перат 3 до 4 пати неделно. Бактериите на нив многу брзо се размножуваат и потребно е да ги перете на 90 степени.

Пешкери за туширање

Еден пешкир не треба да го користите повеќе од трипати по ред. На него се собираат бактерии, па голема е веројатноста дел од нив да пренесете и на својата кожа.