Бизнис
25. January 2021 - 21:18

Колку пари се собраа во Буџетот од казните за неносење маска од почетокот на одлуката?

Најмалку 1.360.000 евра влегле во државниот буџет од казни што граѓаните ги платиле за неносење заштита на лицето. Од Министерството за внатрешни работи до сега регистрирале 136.227 прекршоци по тој основ. Казната за неносење маска изнесува 20 евра, односно 10 евра доколку се плати во рок од осум дена. Тоа значи дека откако е воведена мерката до сега граѓаните го збогатиле државниот буџет за износ меѓу 1.360.000 и 2.720.000 евра.

Граѓаните се со поделено мислење за тоа дали треба да се носи маска на отворено, но и за висината на казните.

Сепак, за време на пандемијата во буџетот се слеале многу повеќе пари од казни за непочитување на превентивните мерки, на пример, групирање, непочитување на решенија за изолација, прекршување на полицискиот час итн. Токму за непочитување на забрана за движење од МВР регистрирале 5.414 прекршувања, за кои потоа Обвинителството и судовите ја одредуваат висината на казната, која може да изнесува и над 1.000 евра.

Сумата која влегла во буџетот по овие основи не е позната.