Колев: Македонија рамноправно да ги третира граѓаните кои се самоопределуваат како Бугари
Бугарите, кои живеат во Република Македонија, би можеле да бидат корисни во дијалогот меѓу Софија и Скопје, изјави за БНТ Петар Колев, лидер на Граѓанско демократската унија, јави дописникот на МИА од Софија.
Колев додаде дека со нивните конструктивни предлози може да дадат придонес кон решавање на спорот.
-Еден јасен сигнал би бил ако Република Македонија почне рамноправно да ги третира граѓаните на нејзина територија, која се самоопределуваат како Бугари.
Во Уставот на Република Македонија, додава тој, се набројани народите, кои живеат во земјата, но Бугарите не се присутни во највисокиот правен акт.
-Со оглед на тоа што Бугарите не се дел од него, не може да има судија Бугарин или обвинител Бугарин, ниту некој кој ќе биде ангажиран во армијата, како професионален војник. Тоа е едно од основните нарушувања на човековите права во насока на правото на работа и кариера, изјави Колев.
Тој се повика на изјавата на премиерот на Македонија Зоран Заев дека човековите права на сите граѓани во земјата се почитуваат.
Според Колев бугарскиот претседател Румен Радев е првиот бугарски државник, кој оценил дека искрено треба да биде слушнато мислењето за односите Софија-Скопје и од Бугарите, кои живеат во земјава.
Тој додаде дека Бугарите во Македонија очекуваат промена на Уставот во земјата, како и на законите, но и демократски попис на населението, во кој ниту еден граѓанин нема да биде подложен на репресии, ако се самоопредели како Бугарин.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација