Македонија
24. July 2015 - 15:52

Колекторски систем во Градската река во Прилеп

Заедничкиот проект на Владата на РМ и на ЕУ за изградба на Пречитистелна станица во Прилеп, продолжува да се реализира.
 
Долж течението на Градската Река, се поставуваат колекторските системи за прочистување на отпадните води, како битна етапа од целосната реконструкција на децениски застарената канализациона и водоводната мрежа.
 
Проeктот предвидува и комплетно урбано уредување на коритото од Градската Река. 
 
Според надлежните од ЈКП “Водовод и канализација”, со овој прокет, Прилеп долгорочно го решава проблемот со водоснабдувањето, но, и со прочистувањето на отпадните води што е особено важно во зачувувањето на животната средина.