Свет
10. February 2017 - 20:49

Кокаин вреден 62 милиони евра исплива на плажи во Англија

Кокаин со улична вредност од повеќе од 62 милиони евра, испливал на две плажи во Англија, соопштија денеска британските претставници задолжени за борба против организираниот криминал, јави Би-Би-Си.

Дрогата со тежина од 360 килограми е пронајдена на две плажи во последните 24 часа, во близина на селото Норфолк, соопшти националната агенција за борба против криминалот. 

Жителите воочиле рачни торби, каде се наоѓал кокаинот, а полицијата врши истрага во регионот со цел да провери дали има уште дрога. 

Истражувачот Метју Риверс изјави дека станува збор за дрога од „А класа“ и дека губењето на кокаинот претставува голем удар за криминалците. 

Плажите се наоѓаат на околу 200 километри североисточно од Лондон.